Регион

Се урна дел од настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

01.11.2024 13:49

На железничката станица во Нови Сад претпладнево се урна дел од настрешницата. Српскиот јавен сервис јавува дека има жртви и дека има голем број повредени, а на терен се екипите на пожарникарите и итната помош...

На влезот на железничката станица во Нови Сад се урнал дел од настрешницата, пренесува РТС. Стаклената тераса на Железничката станица во Нови Сад денеска околу 12 часот паднала над влезната врата на зградата на станицата.

Екипи на Брза помош и полиција се на терен, а според првичните информации најмалку едно лице починало, а има и повредени.

Од Итната помош велат дека во овој момент не можат да зборуваат за бројот на повредени и за степенот на повредите, бидејќи интервенциите се во тек.

 

Фото: РТС