Рокас ги појасни препораките на Европската комисија
Во случај некој да не ги разбра пораките на Унијата, евроамбасадорот Рокас денеска ги повтори и образложи. Тој имаше средба со министерот Муртезани за документот од Брисел…

Северна Македонија оствари мали напредувања, но и стагнирање во одредени реформи, изјави евроамбасадорот Рокас при анализата на извештајот за напредокот. За подобар извештај догодина мора да се спроведат 120 препораки и уставни промени, за да се почне со отворање на поглавја. Избегна да одговори дали за ЕУ се прифатливи уставни промени со одложено дејство.
Главниот преговарач и министер за европски прашања Муртезани констатираше дека има континуиран напредок и дека се работи на доекипирање на тимот за преговори по отворањето на првиот кластер поглавја.
Најлошо стоиме со борбата со корупцијата, а најдобро со усвоената европска надворешна и одбранбена политика.
Ирина Гелевска
