Јанукович и ветил на Ештон потпишување на доготовот
Илјадници демонстранти и натаму се на Плоштадот на независноста во Киев, цврсто решени да издржат додека не се исполни барањето за потпишување на договорот за асоцијација со Европската унија. По изминатата бурна ноќ, изутрината состојбата е релативно мирна. Украинскиот претседател Јанукович ги повика сите партии на разговори за компромис и надминување на кризата, но опозицијата ја одби понудата.
„Ве уверувам дека властите ќе работат исклучиво според законските прописи и нема да употребуваат сила на мирни собири“, Виктор Јанукович, претседател на Украина.

Украинскиот премиер Азаров побара 20 милијарди евра помош од Европската унија по што би следело потпишувањето на спорниот договор за асоцијација, но Брисел го одби предлогот. Во Унијата сепак постои оптимизам дека договорот се уште може да биде верификуван, потврди и шефицата на европската надворешна политика Кетрин Ештон по средбата со Јанукович.
„Јанукович јасно стави до знаење дека има намера да го потпише договорот за асоцијација, зборуваше за краткорочните економски прашања со кои се соочува земјата, но мое мислење е дека овие предизвици со кои се соочува земјата може да се решат не само преку институциите наУнијата туку и со потпишување на договорот за асоцијација, што, пак, ќе донесе нови инвестиции во земјата“, Кетрин Ештон, шеф за надворешна политика на Европската унија
Масовните протести кои траат речиси еден месец почнаа по одбивањето на Јанукович да го потпише историскиот договор за асоцијација со Европската унија.
Маја Стојанова