Велосипедизам – Тур Д Франс
Втора етапна победа за Кристоф!
20.07.2014 22:01
101-то издание на најпрестижната велосипедска трка Тур Д Франс веројатно е најуспешниот период во кариерата на Александер Кристоф. 27-годишниот Норвежанец кој во 2012-та освои олимписка бронза, по триумфот на 12-та беше најбрз и на 15-та етапа, откако во последните стотина метри им побегна на Австралиецот Хенрик Хослер и на Словакот Петер Саган.

Иако беше само 31-ви, моментално најдобриот во генералниот поредок, Италијанецот Виченцо Нибали заврши со исто време како и победникот и што е најважно ги контролираше главните конкуренти за жолтата маица. Шпанецот Алехандро Валверде и Французинот Роман Барде и натаму имаат повеќе од четири ипол минутипослабо вкупно време. Утре е слободен ден, по што следуваат трите планински и можеби клучни етапи од завршните шест.