Финансии

Предлог-буџетот за 2025 оди во Собрание

01.11.2024 17:07

Каде ќе се одземе за да се додаде на друго место со какви „тули“ е изграден новиот буџет за 2025 година. Министерката Кочовска денеска елаборираше пред новинарите...

Изградба на локални и регионални патишта, училишта, болници, модернизација на студентските домови, како и реконструкција на казнено-поправни установи. Новиот буџет за 2025 година предвидува повеќе пари инфраструктурни проекти. Само за капитални инвестиции се предвидени околу 800 милиони евра. Коридорите 8 и 10 Д се еден од приоритетите. Министерката за финансии праша како е можно минатите години да се обезбедат пари за важни автопатски делници, а да нема никаква реализација.

Во Буџетот за идната 2025 ќе има околу 200 милиони евра повеќе за зголемување на платите во јавниот сектор и администрацијата. 276 милиони евра повеќе за поддршка на Фондот за пензиско осигурување. Министерката рече дека има зголемување и за социјални трансфери.

Новиот буџет за 2025 година ќе тежи 6,5 милијарди евра.

Димитриеска-Кочоска тврди дека буџетот ќе биде развоен, очекува в година земјава да генерира економски раст од 3,7% со инфлација од 2,2%.

Дефицит пак се планира да биде 4% од БДП – односно од сегашните 720 милиони, во 2025 очекувањата се дека ќе падне на 680 милиони евра.

Јавниот долг пак се очекува да биде 64% од БДП.

 

Борис Грујоски