Обвинителство

Од Републичкото обвинителство ги отфрлија наводите за протекување на доверливи документи

01.11.2024 16:19

Од Републичкото обвинителство не протекуваат документи. Ова за МТВ го тврди Пи-Ар службата на институцијата. Вишиот скопски обвинител Хајрулахи рече дека од свиркач добил материјали кои покажуват дека близок роднина на високопозициониран обвинител споделувал документи од доверлива природа...

Од Републичкото обвинителство не протекуваат документи. Ова за МТВ го тврди Пи-Ар службата на институцијата, откако вишиот скопски обвинител Хајрулахи рече дека од свиркач добил материјали кои покажуват дека близок роднина на високопозициониран обвинител споделувал документи од доверлива природа.

Целта, како што вели Хајрулахи, е да се изврши притисок обвинителот што го води предметот за бонусите во СЈО да донесе одлука со која на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ нема да ѝ се даде својство на оштетен. Ваквите наводи од Републичкото обвинителство ги отфрлија и велат оти не се точни.

„Ниту една доверлива, ниту каква било друга информација во врска со извршениот надзор не е „протечена“ од Јавното обвинителство. Извештајот од извршениот надзор над Вишото јавно обвинителство Скопје се изготвува од страна на обвинителите кои го вршеа надзорот и сè уште не е доставен до Јавниот обвинител на Република Северна Македонија. Откако ќе биде изготвен и доставен, јавноста ќе биде известена за заклучоците“, велат од оттаму.

Во врска со надзорот, вишиот обвинител вели дека го спроведувале обвинители кои законски не можеле да постапуваат.

Обвинителот вели дека притисоците нема да го исплашат, а одлуката за случајот со бонусите ќе биде законита.

 

Анита Димитријевска – Велковска