Продолжуваат разговорите со Бугарија
Скопје и Софија седнуваат на маса. Премиерот е оптимист дека овој пат ќе се најде решение. Нашата најдобра понуда во моментов е уставни измени за внесување на бугарите веднаш, но имплементацијата да биде врзана со рок до завршување на пристапниот процес во Унијата …

Продолжуваат разговорите за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија. После сите средби изминатите месеци со меѓународните претставници, премиерот Мицкоски на брифинг со новинарите рече дека е оптимист дека процесот ќе добие разрешница. Според него, стратегијата на Владата е до епилог да се дојде низ разговори, а не само да се прифаќа тоа што се нуди. Нашата најдобра понуда во моментов е „уставни измени за внесување на Бугарите веднаш, но имплементацијата да биде врзана со рок до завршување на пристапниот процес во Унијата, по теркот на Преспанскиот договор“, вели Мицкоски.
Во однос на реформите во правосудството Мицкоски очекува новото законско решение кое е на линија со оценката мисија на ЕУ да ја промени структурата на Судскиот Совет.
Во областа на економијата, премиерот информираше дека за прв пат во месец октомври остварен е суфицит во државниот буџет како резултат на воведената дисциплина при наплата на даноците кои овозможија и развоен предлог буџет. Договорена е соработка со Бугарија за заедничка изградба од двете страни за поврзување на Коридорот 8, како стратешки проект и приоритет за држави членки на НАТО. Во план е модернизацијата на Коридорот 10Д за брза железница која би ја поврзувала Пиерја – Виена.
Анкетите на ИПСОС покажуваат дека животниот стандард и понатаму останува најголемиот проблем на граѓаните.
Марина Стојанова- Тонева
