Се урна настрешница во Нови Сад, има загинати и повредени
Бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад во Србија им пресуди на осуммина откако падна од непознати причини. Едно лице е тешко повредено, но се стравува дека е можно да има и повеќе жртви ...

Повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Екипите на итната помош и пожарникарите се на терен, а вклучени се багери, бидејќи под неа се заробени две лица, од кои едното е 14-годишно девојче.
Станува збор за настрешница која се наоѓа над влезната врата во зградата на станицата, под која седеле неколку десетици луѓе, а според сведоците сцената била застрашувачка, бидејќи се паднало одеднаш и изгледало како експлозија.
„Исклучително тешка акција која ќе трае неколку часа. Осум тела се извлечени од урнатините. Две лица кои преживеаја се во болница, а состојбата на едното е доста сериозна поради ампутација на нозете. Имаме контакт со две лица кои се под урнатините, комуницираат со нас, а едно од нив е 14-годишно девојче и правиме сè што можеме да ги извлечеме“, изјави Ивица Дачиќ Министер за внатрешни работи.
За пет минути од несреќата пристигнаа седум коли на Итна помош и три пожарникарски возила како и повеќе багери за расчистување на остатоците од настрешницата, а во акцијата за спасување учествуваат над 80 лица.
„Ова е еден од најтешките денови во историјата на Нови Сад и трагедија за цела Србија. Во името на Владата на Република Србија и сите присутни овде, сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите. И покрај тоа што настрешницата е изградена пред 60 години, морало да се води грижа за објектот и ќе инсистираме да се најдат одговорните за несреќата“, изјави Милош Вучелиќ премиер на Р. Србија.
Вечер и свое обраќање ќе има и претседателот на Р.Србија, Вучиќ.
Од Белград за МТВ Оливер Бранковиќ.
