САД

Харис и Трамп меѓу победата и поразот

01.11.2024 18:25

Се забревтува атмосферата пред решавачкиот вторник на изборите за 47-от американски претседател. Републиканците се повеќе ја подгреваат со теоријата за можна изборна измама, потсетувајќи на 2020-та и Пенсилванија со регистрација на лажните гласачи, сметајќи на исклучителната тесна разлика меѓу Трамп и Харис која варира, аналитичарите веќе коментираат-не е толку важно кој ќе победи, туку кој ќе го признае поразот …

Шест од десеттемина Американци стравуваат од изборна измама, откако Трамп со години тврди дека на последните во 2020-та нема загубено. Марк Кук повеќе од година и половина патува низ Американските држави обидувајќи да ги докаже неправилностите на изборниот систем. Можна ли е замена на гласовите во самите кутии? Лага, велат надлежните за изборите.

„Имам огромно познавање за она што се случува внатре во црната кутија. Немаме систем со којшто можеме да се увериме“, изјави Марк Кук-самовработен жител на САД.

„Идејата е дека машините ги заменувале гласовите. и дека тие биле поврзани со интернет. и дека странски служби ги контролираат машините преку интернет. Сето тоа е лага“, изјави Габриел Стерлинг-началник на Одделот за внатрешни работи на Џорџија.

Една и единствена дебата со Харис, потоа Трамп наоѓаше нови начини за да ја нападне политиката на демократите за промената на полот, за мигрантите, за медиумите. и во интервјуто со Такер Карлсон, којшто неодамна го интервјуираше Путин, да упати навреди кон ривалката. Харис ја продолжува кампањата со холивудските мегаѕвезди.

„Таа многу лаже и има низок коефициент на интелигенција. Таа е глупа како карпа. Не ви треба таков претседател“, изјави Доналд Трамп-претседателски кандидат на Републиканците.

„Да го направиме тоа, Лас Вегас!!! Ви ја претставувам жената која има можност за неколку дена да ја испише историјата. Идниот претседател на САД, Камала Харис“, изјави Џенифер Лопез-актерка и пејачка.

„Невада дали сте подготвени? Верувате ли во слобода? Во можноста? Верувате ли во ветувањата во Америка за кои треба да се бориме? Ќе победиме!!!“, изјави Камала Харис-претседателска кандидатка на Демократите.

Харис во средиштето на игрите на среќа, не пропушти да го најави укинувањето на данокот на обложувањето. Но државите кои решаваат за лидерот на 330 милиони американци, според последните анкети, младите се поделија според полот. За жените правото на абортусот е клучно, за мажите големината на нацијата.

 

Зоран Богатинов