Македонија
Почина еден од повредените во пукањето во Арачиново
01.11.2024 21:31
Претходно од МВР информираа дека две лица се повредени од огнено оружје во инцидент што се случил вечерва во скопско Арачиново...

Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ примени се двете повредени лица во оружениот инцедент што попладнето се случи во селото Арачиново.
Еден од повредените починал, а кај другиот ќе биде извршена хируршка интервенција, потврдија за МИА од Ургентниот центар.
Претходно од МВР информираа дека две лица се повредени од огнено оружје во инцидент што се случил вечерва во скопско Арачиново.
