Блиски Исток
Продолжуваат нападите врз цели на Хезболах во Либан
02.11.2024 11:00
Ситуацијата во северниот дел на Газа е апокалиптична, предупредија претставници на Обединетите Нации...

Хамас ја потврди смртта на уште еден висок функционер, откако израелската армија соопшти дека го ликвидирала Из Ал-дин Касаб во воздушен напад во Кан Јунис. Ситуацијата во северниот дел на Газа е апокалиптична, предупредија претставници на Обединетите Нации.
Истекува рокот што САД му го поставија на Израел драстично да ја подобри хуманитарната ситуација во енклавата. Продолжуваат нападите и врз цели на Хезболах во Либан.
Во меѓувреме, неколкумина осомничени се уапсени во Израел во врска со тековната истрага за протекување на доверливи документи од кабинетот на премиерот Нетанјаху.
