Србија

Македонски државјанин меѓу загинатите во несреќата во Нови Сад

02.11.2024 10:10

Српскиот претседател побара од надлежните институции час поскоро виновниците за несреќата да се изведат пред лицето на правдата. Според Вучиќ, неверојатно е на железничката станица се да биде реновирано, освен настрешницата стара 60 години...

Македонски државјанин е меѓу 14-те загинати при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Знамињата во Србија се на половина копје.

Српскиот претседател побара од надлежните институции час поскоро виновниците за несреќата да се изведат пред лицето на правдата. Според Вучиќ, неверојатно е на железничката станица се да биде реновирано, освен настрешницата стара 60 години.

Критичарите ја припишуваат катастрофата на корупцијата и невештото реновирање.