Економија

Брендирани производи, предуслов за зголемено производство и развој на домашната зелена економија

02.11.2024 11:58

Само со брендирани производи можеме да создаваме услови за зголемено производство, извоз и развој на домашната зелена економија е мотото на регионалните стопански комори на Битола и Прилеп кои се во иницијатива за спроведување на Регионалната стратегија на Преспанско-пелагонискиот регион кој има големи можности за производство на брендирана храна. Производителите кои од поодамна започнале, велат патот е тежок но бенефитот е голем...

Можностите за добивање и испорака на брендирана храна во Преспанско-пелагонискиот регион солидни а реализацијата засега скромна. Патот е тежок но бенефитот повеќекратен велат медопроизводителите кои по близу една деценија се во завршна фаза на брендирањето на мариовскиот мед и веќе ја започнаа постапката и за пелистерскиот.

Битен фактор е окрупнувањето на производителите доколку сакаме ланец од брендирани производи препознатливи и на странските пазари но и да бидат двигателите на развојот на зелената економија велат иницијаторите.

Показателите само по себе кажуваат зошто Преспа и Пелагонија се брендови како географски поими.

И покрај наталожените проблеми во земјоделието тоа се површини кои носат по 200.000 тони јаболко, жито, пет и пол милиони тони млеко или вкупно околу две и пол милијарди денари профит. Можностите велат дека тој може да биде далеку поголем.

 

Стевче Митревски