Македонија

Убиство во Штип, сторителот сам се пријавил во полиција

02.11.2024 15:29

Дваесет и деветгодишна штипјанка е убиена во близина на нејзиниот дом. Убиството го пријавил нејзиниот партнер, 25-годишниот Ф.З. кој во полиција изјавил дека тој е сторител на убиството. Телото е пронајдено, јавен обвинител изврши увид на местото на настанот, осомничениот е во притвор …

Убиена е 29-годишна штипјанка Емилија Пешева а осомничен е нејзиниот партнер кој сам се пријавил во полиција и изјавил дека тој го сторил делото. Настанот се случил во вечерните часови близу домот на жртвата, а телото е пронајдено во објект во паркот „Суитлак“. Родителите на жртвата скршени од болка заради загубата, но и заради ненавремената интервенција на институциите. Бараат најстрога казна за сторителот.

Шок и неверување меѓу граѓаните, велат страшно е и да се помисли дека овде се случи ваква трагедија.

Увидната постапка е завршена, следи вештачење на доказниот материјал од местото на убиството.

 

Славица Величковска