Се интензивираат работите на автопатот Прилеп-Битола
Се интензивираат работите на автопатот Прилеп-Битола од Коридорот 10. Се врши експропријација и деминирање на теренот. Треба да биде готов за 3 години и да обезбеди економски развој за општините од југозападниот регион …

На автопатската делница Прилеп-Битола од околу 40 километри фронт на работа се 6. Од 1.300 парцели екпроприрани се 850, а од 500 хектари, на 100-тина се отстранети експлозивни направи, со помош на Армијата. Од досега најдените околу 19 500 можни експлозивни материјали, се извадени 200. Се интензивираат работите на автопатот што е дел од Коридорот 10.
Трасата на новиот автопат, главно ја следи сегашната. Автопатот обезбедува економски развој во општините во југозападниот регион.
Автопатот треба да биде готов за три години. Заедно со експресниот пат Градско-Прилеп кој се гради во три етапи и треба да биде готов за една година, целосно ќе ја промени реалноста во регионот.
Елизабета Митреска
