Свет
Изборната трка во САД влегува во финиш, исходот неизвесен
02.11.2024 20:01
Особено е напната атмосферата во сојузните држави каде што разликата меѓу Доналд Трамп и Камала Харис е мала...

Изборната трка во САД влегува во финишот. Особено е напната атмосферата во сојузните држави каде што разликата меѓу Доналд Трамп и Камала Харис е мала. Повеќе од 60 милиони Американци ја искористиле можноста за предвремено гласање.
Двајцата кандидати за шеф на Белата куќа ја продолжија изборната кампања со меѓусебни обвинувања.
