семејни вредности

Модерното семејство со многу предизвици

03.11.2024 15:00

Модерни времиња, брзо темпо на живот. Имаме ли време за семејството и семејната комуникација? На ова прашање свое видување имаат и родителите, и младите, психолозите и социјалните работници. Едно е заедничко – колку и да е современо живеењето-ако се сака, сè се може …

Брзо темпо на живеење, трка по егзистенција, статус. Каде е семејството во ова модерно време? Ја има ли комуникацијата или сме заборавиле на заедничкото неделно дружење. И младите, и родителите со свој став.

Психолозите говорат за квалитетно време поминато со семејството. Се почесто се доаѓа на советувања.

Социолозите за сите проблеми бараат причина во семејните односи. Неретко запоставени.

Психолозите ја посочуваат вечната максима – Ако се сака, сè се може.

Според бројот на деликвентни однесувања кај младите, малолетничките бракови, бунтот на „тинејџерското доба“, редно време е да се седне на заедничка маса со семејството.

 

Елизабета Митреска