Путин бара соработка од двете страни за истрагата за малезискиот Боинг
21.07.2014 10:10
Во меѓувреме пронајдени се телата на 251 патник кои се уште се наоѓаат во Торес...

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика двете страни во конфликтот во Источна Украина да седнат на преговарачка маса и вети целосна поддршка на меѓународниот тим истражители кои треба да ги откријат причините за уривањето на малезискиот Боинг.
Според него, доколку воените дејствија во источниот дел на земјата престанеа немаше да дојде до ова.
Во меѓувреме пронајдени се телата на 251 патник кои се уште се наоѓаат во Торес, се додека министерството за вонредни состојби и меѓународниот тим не решат каде да се транспортираат.
Советот за безбедност на ОН денеска треба да изгласа резолуција за несреќата во Украина.
