Регион

Втор ден на жалост во Србија, тројцата повредени сè уште се борат за живот

03.11.2024 09:05

Обвинителството почна постапка за утврдување вина, сослушани 20-тина лица, почнувајќи од надлежното министерство...

Втор ден на жалост во Србија по страшната несреќа која се случи на железничката станица во Нови Сад. Меѓу 14-те загинати е и македонски државјанин на возраст од 45 години.

Тројцата повредени сè уште се борат за живот. Српскиот претседател Вучиќ побара од надлежните институции веднаш да се изведат виновниците пред судот. Обвинителството почна постапка за утврдување вина, сослушани 20-тина лица, почнувајќи од надлежното министерство.

Македонската амбасада во Белград е во редовна комуникација со семејството на починатиот околу потребните административни процедури, за транспортирање на телото во нашата држава информираа од МНР.