Европа

Најмалку 211 загинати во поплавите во Шпанија

03.11.2024 11:04

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез изјави дека и натаму е во тек потрагата по исчезнатите и најави дека ќе испрати дополнителни 5.000 војници во погодените подрачја...

Бројот на загинати во најсмртоносните поплави во модерната историја на Шпанија се искачи на најмалку 211. Премиерот на Шпанија, Педро Санчез изјави дека и натаму е во тек потрагата по исчезнатите и најави дека ќе испрати дополнителни 5.000 војници во погодените подрачја.

Повеќе од 13.000 Шпанци земаа учество во волонтерски групи за да им помогнат на погодените од катастрофалните поплави во Валенсија. Помагаат во чистење и поправка на куќи и инфраструктура.