Блиски Исток

Шест лица, меѓу кои четири деца, се повредени во напад на болница во Газа

03.11.2024 10:28

Над 50 лица загинаа во североисточен Либан...

Продолжуваат израелските напади врз Појасот Газа. Генералниот директор на СЗО, објави дека шест лица, меѓу кои четири деца, се повредени во напад на болница во Газа, додека родителите ги носеле своите деца на вакцинација против детска парализа. Над 50 лица загинаа во североисточен Либан. 

Од друга страна, 20-тина лица се ранети во напад од правец на Либан кон северот на Израел. Израелската одбрана објави дека двајца команданти на Хезболах се убиени, додека еден е заробен. Роднините и поддржувачите повторно се собраа во Тел Авив.

Бараат прекин на огнот и договор за ослободување на заложниците што ги држи Хамас во Газа.