Во Молдавија втор круг од претседателските избори
Гласачите избираат помеѓу актуелната претседателка Маја Санду, која победи во првиот круг со 42 насто од гласовите, и поранешниот генерален обвинител Александр Стојаногло од проруската социјалистичка партија на Молдавија кој обезбеди 26 проценти поддршка...

Втор круг од претседателските избори во Молдавија. Гласачите избираат помеѓу актуелната претседателка Маја Санду, која победи во првиот круг со 42 насто од гласовите, и поранешниот генерален обвинител Александр Стојаногло од проруската социјалистичка партија на Молдавија кој обезбеди 26 проценти поддршка.
По тесната победа на референдумот за членство во ЕУ, кој се одржа истовремено со првиот круг од претседателските избори на 20-ти октомври, Санду обвини дека Молдавија била цел на измама и дека криминалните групи и странски сили се обиделе да купат 300.000 гласови. Сепак, таа не ги оспори резултатите.
