Анализа за извештајот на ЕК

ЕК предлага реформи во финансирањето на високото образование, откриени нерегуларности на универзитетите

03.11.2024 15:50

Намален број ученици, висок процент во средното кои не успеваат да покажат основно владеење во читање, математика и природни науки. Европската комисија нотира- лани државата одделила помалку пари за образованието во Македонија. Бара подобрување на училишните капацитети, развој на дигитални вештини...

Се помалку ученици и студенти во образовните институции, намалување на финансиите за науката и слаби резултати во тестирањето ПИСА – нотира Европската комисија во извештајот. И годинава се укажува дека не се донесени новите закони за средното образование. За образовниот систем – единица, признава и министерката за образование, Јаневска. Најави од септември ќе се учи по нова ревидирана програма. Во пакет за усвојување ќе се најдат и 5 закони со кои ќе се решава проблемот со учебниците. И додека државата е во обид да го реформира образовниот процес, инспекциите регистрирале злоупотреби во три универзитети.

Европската комисија предлага државава да го промени начинот на кој се финансираат универзитети, а квалитетот на високото образование да се унапреди преку развој на процесите за акредитација и обезбедување квалитет. Универзитетскиот професор Ратко Дуев, смета дека е застарен моделот преку кој факултетите добиваат пари, а дополнителен проблем се и малкуте средства кои државата ги инвестира во научноистражувачката дејност, долгогодишно барање на академската фела.

Извештајот нотира одреден напредок во инклузивното образование во основните училишта.

 

Викторија Милевска