данок на јаглерод

Од јануари 2026 година Македонија треба да го воведе данокот на јаглерод

03.11.2024 19:52

Од јануари 2026 година Македонија треба да го воведе јаглеродниот данок, надоместок за секој тон емисии на јаглерод диоксид. Најмногу ќе ги погоди производителите на струја, железо, челик. Но 14 месеци пред примената, Владата сè уште бара решение таксата да не удри по стандардот на граѓаните. Доцни и регулативата за климатска акција во која е законски дефиниран. Бизнисот соочен со предизвиците. Анализата е работена во соработка со Институтот за комуникациски студии …

Загадувањето го зема данокот во животи, законски дефинирана климатската акција доцни со спроведување. Старото нацрт решение се повлекува, ќе се коригира и усогласи со ЕУ, ќе чека да го мине владиниот филтер. Во него се основите на данокот на јаглерод, новата европска давачка која Македонија треба да ја воведе од јануари 2026. Наплатата на такса ќе зависи од процентот на вграден јаглерод во производите што се извезуваат.

Давачката најмногу ќе ги погоди производителите на струја, железо, челик, вештачки ѓубрива, алуминиум, водород, производство на цемент, оние што користат јаглеродно интензивни горива. Според веќе изготвените документи за воведување ќе биде на товар на крајниот потрошувач, сега власта бара ново издржливо решение – велат од Министерството за енергетика.

Бизнисот соочен со предизвици, бара финансиски стимулации.

Да се плаќа за произведен мегават час електрична енергија од јаглен, или во форма на такса за секој производ што ќе се извезе во ЕУ. Допрва ќе се анализира, но се очекува давачката да ја поскапи цената на енергенсите.

Македонија што поскоро да го воведе и да собере значителни приходи проектирани до 730 милиони евра годишно повика Светската банка во најновиот Извештај за климатски јавни финансии.

 

Сузана Фиданска-Стоевска