кабинет
Сиљановска Давкова ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година
04.11.2024 08:07
Стипендиите се резултат на заедничката активност и соработка на Претседателот, Министерството за образование и наука, Фондацијата „Борис Трајковски“ и „Сити Колеџ“, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година на 20 најдобри студенти кои своето образование ќе го продолжат на „Сити Колеџ“, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, соопштуваат од претседателскиот кабинет.
Стипендиите се резултат на заедничката активност и соработка на Претседателот, Министерството за образование и наука, Фондацијата „Борис Трајковски“ и „Сити Колеџ“, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк.
