Временска прогноза

Наутро студено, преку денот сончево

04.11.2024 08:01

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието...

Наутро постудено со услови за појава на магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.

Во Скопје утрото постудено со услови за појава на слаба магла. Во текот на денот претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.