Уште еден ден од изборната кампања во САД
Републиканецот Доналд Трамп или демократката Камала Харис – Европа и светот со нетрпение го чека исходот од гласањето на претседателските избори...

Уште еден ден до изборите во САД. Републиканецот Доналд Трамп или демократката Камала Харис – Европа и светот со нетрпение го чека исходот од гласањето на претседателските избори кои многумина ги оквалификуваат како историски.
Анкетите покажуваат изедначена борба меѓу двајцата кандидати и во финишот на претседателската трка. На завршните митинзи тешки зборови и обвинувања меѓу Доналд Трамп и Камала Харис. Аналитичарите велат дека Пенсилванија е клучна држава.
Според последните податоци, повеќе од 70 милиони гласачи го искористиле своето право и предвреме гласале на претседателските избори. Гласаше и демократката Харис, писмото веќе патува кон Калифорнија.
