Македонската брокула барана во Словенија!
Македонските земјоделски производи ја сменија крајната дестинација. Ги нема во Србија, но некои земјоделски производи одат на словенечкиот пазар. Македонска брокула стана особено барана од тамошните потрошувачи. Во дојрнското село Црничани, инвестиција носи солиден профит...

Две години Љубица Ѓониќ од село Црничани дојранско, одгледува брокула. Десетгодишното искуство и поажало дека најдобро за усовршување на производството и добар профит е ориентирање кон една земјоделска култура. Затоа одлучила нејзната плантажа од 12 декари да ја посее со брокула. Летно есенската и есенско зимската сеидба ја покриваат цела година со производство, на традиционален начин.
„Ја одгледувам на традиционален начин. Семенскиот материјал се формира од расад, се расадува на нива, потоа се обработува“, вели Љубица Ѓониќ.
За еден декар треба околу 300 евра почетна инвестиција. Ѓониќ смета дека најдобро е понатаму профитот да се реинвестира во современи технологии на производство, како што е капка по капка за одржување на брокулата свежа во летниот период.
„Моментално распрскувачкиот систем ни е најфункционален и најефтин, а и брокулата не сака многу топла клима“, додава Ѓониќ.
Пласманот на брокулата е стресен поради немањето организиран откуп на брокулата која има краток вегетативен период. Битни се контактите и довербата со домашните откупувачи, вели Ѓониќ. Словенечкиот пазар има најголема апсорпциона моќ за македонската брокула, но потребно е пред се окрупнување на земјоделците.
Катерина Давчева
