Србија

Се истражува причината за несреќата во Нови Сад

04.11.2024 08:17

Српските власти почнаа со истрагата за причините за трагедијата во Нови Сад во која загинаа 14 лица...

Српските власти почнаа со истрагата за причините за трагедијата во Нови Сад во која загинаа 14 лица.

Полиција досега сослушала 30-тина луѓе во врска со несреќата, меѓу нив има лица и од Министерството за транспорт. Беше сослушан и министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Весиќ кој потврди дека дал изјава во полициската управа во Нови Сад во присуство на обвинител. Министерот за внатрешни Дачиќ посочи дека освен кривична ќе се бара и политичка одговорност.

Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад и натаму е сериозна.