Молдавија

Маја Санду победи на претседателските избори во Молдавија

04.11.2024 08:18

Проевропската, актуелна претседателка Маја Санду прогласи победа во вториот круг од изборите во Молдавија над противкандидатот Александр Стојаногло кој важи за близок со Русија...

Проевропската, актуелна претседателка Маја Санду прогласи победа во вториот круг од изборите во Молдавија над противкандидатот Александр Стојаногло кој важи за близок со Русија.

Од преброени 98 насто од гласачките ливчиња, Централната изборна комисија соопшти дека Санду освоила 54,35 проценти од гласовите, наспроти 45,65 насто на Стојаногло. Молдавија, ти си победник, изјави претседателката Санду, кратко по полноќ откако најголемата поддршка ја доби во главниот град Кишињев и во дијаспората.

Стојаногло го имаше првичното водство, но тоа почна да се топи кога пристигнуваа гласовите од големите градови каде што Санду ја доби најголемата поддршка.