Грција
Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер во Грција
04.11.2024 08:25
По овој потрес следуваше афтер шок со јачина од 4,2 степени по Рихтер. Епицентарот бил во Егејско Море на длабочина од 15,9 километри...

Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер е регистриран на Халкидики во близина на Неа Модања. По овој потрес следуваше афтер шок со јачина од 4,2 степени по Рихтер.
Епицентарот бил во Егејско Море на длабочина од 15,9 километри.
Земјотресот бил почувствуван и на македонска територија во Гевгелија, Струмица, Битола, Скопје и Кавадарци. Нема информации за повредени или причинета материјална штета.
