Култура

Изложба на слики од Владимир Темков во КИЦ

04.11.2024 09:19

Во Културно-информативниот центар во Скопје, на 6-ти ноември, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на слики од Владимир Темков. На изложбата ќе се претстави со триесет досега неизложувани слики од неговиот последен циклус.

Владимир Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Средно уметничко училиште и Педагошка академија завршува во Скопје во класата на професор Ванчо Георгиевски, а факултет за ликовни уметности, отсек графика, дипломира во класата на проф. Д-р. Трајче Блажевски. Магистерски студии, отсек сликарство завршува на Факултет за ликовни уметности-Скопје во класата на проф. Благоја Маневски.

Темков е основач и организатор на Меѓународната ликовна колонија, Кавадарци-Михајлово, од 1996 година. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија од областа на ликовната уметност. Има учествувано на голем број групни изложби, ликовни колонии, симпозиуми, семинари и др. Живее и работи во Кавадарци.

Изложбата ќе биде отворена до 18 ноември 2024 година.