Шест општини од источниот регион градат филтер станици за вода од „Злетовица“
Изградбата и адаптацијата на филтер станиците во шест општини од источниот регион тема на разговор меѓу министерот цветков и градоначалиците. Свети Николе, Пробиштип и Штип работата ја завршија. Проблем се Лозово и Карбинци...

Изгрдабата и адаптацијата на филтер станиците во шесте општини опфатени со хидросистемот Злеовица, беше тема на разговор меѓу министрот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков и градоначалниците. Лозово и Карбинци се последните општини од источниот регион кои немаат изградено филтер станици , што ги оневозможува да ја користат водата од „Злетовица“.
„Во случајов проблем се финансиските средства. Цевководите до Карбинци и до Лозово за сирова вод веќе одамна се направени, водата е донесена дотаму, смао треба да се прочисти и да се употребува“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.
Карбинци е решена филтер станицата да ја гради сама, додека Лозово се надева на помош од Свети Николе.
„Цевководот веќе е направен, значи треба само да се премости еден дел којшто ќе оди кон Лозово преку нашата филтер станица. Со зголемување на капацитетот, одата би се преработувала. Со средствата кои тие ги имаат и со помош од Владата, би се направил еден цевковод во должина од 37 километри кои ќе ги снабди со вода сите околни села“, појасни Зоран Тасев, градоначалник на Свети Николе.
Засега вода од Злетовица пијат само во Свети Николе. Пробиштип инвестираше 1,5 милиони евра во изградаба на филтер станица, а за две недели ќе заврши и адаптацијата на штипската прочистителна станица, инвестиција вредна еден милион евра.
„Вода од Злетовица веќе пристигнува, но вршиме проверки на квалитетот на водата. Се надевам дека наскоро ќе можеме да го пуштиме во употреба адаптираниот дел од филтер станицата. Ова за Штип е голема придобивка зашто сега вода пиеме од подземни бунари“, смета штипскит градоначалник Илчо Захариев.
Изградбата на хидросистемот „Злетовица“ треба долгорочно да го реши проблемот со вода за пиење на околу 180.000 жители од шест општини- Штип, Пробиштип, Лозово, Кратово, Карбинци и Свети Николе.
Во втората фаза хидросистемот треба да обезбеди наводнување на 1.300 хектари земјоделско земјиште, а во третата производство на електрична енергија.
Оливера Жежова
