Македонија

Штрајк на вработените во „Царински терминал“ во Прилеп

04.11.2024 12:39

Вработените во царинскиот терминал во Прилеп со предупредувачки протест за неземени три плати и без здравствено осигурување. Бараат решение од надлежните од Комуналец во чиј состав работат и од локалните власти. Од Комуналец велат дека бараат решение, а терминалот работел со загуба...

Десетина вработени во прилепскиот „Царински терминал“ излегоа на предупредувачки едночасовен штрајк. Немаат плата три месеци, ниту пак здравствено осигурување. Терминалот работи под капата на прилепски Комуналец. Бараат разбирање од надлежните и решение.

Поддршка на 10 - на вработени кои се речиси пред пензија им дава Синдикалната организација.

Од прилепски Комуналец велат дека бараат решение. Инаку, терминалот со години работел со загуба.

 

Елизабета Митреска