УХМР

Наредните денови сончево време со студени утра

04.11.2024 11:59

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност, соопшти УХМР.

Продолжува периодот на претежно сончево време, но со постудени утра, а минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност, соопшти УХМР.

Минималната утринска температура ќе се спушти до минус шест, а максималната дневна ќе достигне 20 степени.