РКЕ

Од полноќ поевтинуваат горивата

04.11.2024 13:39

Според последната одлука на РКЕ, цените на бензините се намалуваат за 1.5 денари од литар, додека дизелот за 0.5 денари...

Според последната одлука на РКЕ, цените на бензините се намалуваат за 1.5 денари од литар, додека дизелот за 0.5 денари.

Сега малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/литар, додека на дизелот 68.5 денари од литар.

Поевтинува и цената на мазутот, и од утре ќе се продава по 43 денари, додека екстралесното масло за домаќинство исто така поевтинува за еден денар, и од утре ќе изнесува 68 денари.