Захариевски повеќе не е тренер на Вардар
Захариевски беше третиот тренер на Вардар од почетокто на сезоната. Пред него тимот го предводеа Горазд Михаилов и Горан Петрески.
Срѓан Захариевски до денес не е шеф на стручниот штаб на ФК Вардар. Информацијата претпладнево ја објавија „црвено-црните“ на социјалните мрежи.
АД ФК Вардар и шефот на стручниот Срѓан Захариевски утрово спогодбено ја раскинаа соработката. АД ФК Вардар му благодари за несебичниот ангажман, максималниот вложен труд и голема желба за успех. За личности како Срѓан Захариевски вратите на АД ФК Вардар се секогаш отворени, стои во објавата на „црвено-црните“.
Захариевски беше третиот тренер на Вардар од почетокто на сезоната. Пред него тимот го предводеа Горазд Михаилов и Горан Петрески.
Вардар по 13 кола е последен во поредокот на Првата македонска фудбалска лига со само осум освоени бодови.
Фото: Фејсбук/ ФК Вардар