Приватните превозници бараат да им се плати долгот
Автобусите доцнат, граѓаните револтирани – секојдневна слика за хаосот со јавниот превоз во Скопје. Приватните превозници бараат да им се исплати долгот, но, како излезно решение понудија да се зголеми цената по изминат километар.

Веќе еден месец едни доцнат во училиште, други на предавање, трети на работните места додека 200 автобуси на приватните превозници се паркирани во гаражите. На постојките се чека и по повеќе од час, а и кога автобусите ќе пристигнат, нема место за сите.
Приватните превозници бараат итна средба со Владата и Град Скопје бидејќи како што велат не можат сами да го решат проблемот. Очекуваат ЈСП да им го исплати долгот за последните четири месеци.
За ова требаше да се разговара на седница на Советот на Град Скопје мината недела, но подносителката на иницијативата Исеини, советничка од Алијанса, ја повлече точката од дневен ред.
Осум години приватните превозници возат по иста цена по изминат километар. Во меѓувреме велат, сите трошоци се зголемени.
Александра Велинова
