Меџити: На повидок е решение за да се огради депонијата „Дрисла“
Ќе се модернизира депонијата „Дрисла“, ќе се купува нова печка за согорување на отпадот, најави министерот за екологија Меџити. Беше во увид заедно со Инспекторатот за животна средина...

Нова печка, нова ограда се дел од активностите коишто ќе се преземат во иднина за модернизација на депонијата „Дрисла“.
Се соочуваме постојано со проблеми и живееме како во контејнер, се шири непријатна миризба насекаде, сакаме да дишеме чист воздух, велат жителите од Батинци, Сопиште и Драчево. Бараат европска депонија и прочистителни станици во Маркова Река.
„Дрисла“ досега не работела според стандардите и затоа имало казни, вели министерот за животна средина и просторно планирање Меџити. На повидок е решение за да се огради депонијата.
Мострите кои минатиот месец се земени од Маркова река испитани се од страна на инспекторатот за животна средина, депонијата ќе се соочи до парична казна.
Околу загадувањето на воздухот министерот Меџити истакна дека тоа е комплексно прашање кое не може да се реши со една мерка. Според него, со комплексот мерки кои се преземаат полека но сигурно ќе се влијае да има почист воздух и почиста животна средина.
Ана Јосифовска
