Превирања во Обвинителството

Коцевски тврди дека против него се води хајка

04.11.2024 15:06

Превирања во Обвинителството. Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски тврди дека против него се води хајка. Случајот се актуелизираше по обвинувањата од Вишото обвинителство дека Коцевски вршел притисоци. Тој ги отфрли наводите и рече дека хајката започнала по извршените контроли.

Со Хајрулахи разговаравме за нарушените меѓучовечки односи во Вишото обвинителство и како да ги поправи – вели државниот обвинител Коцевски. Тој ниту ги потврди ниту ги демантираше тврдењата дека вршел притисок каква одлука да се донесе во случајот со бонусите на СЈО и рече оти не му е познато зошто скопскиот виш обвинител води хајка против него.

Хајрулахи пак вели оти не е во позиција да води хајка против шефот, но е дециден дека трпел притисоци.

Пред три недели Хајрулахи се пожали дека Коцевски му пуштил контрола, која според него е незаконска бидејќи обвинителите што ја спровеле немале по закон право да постапуваат, а наведе и дека е тенденциозна бидејќи со неа не се опфатени и пониските Обвинителства кои се под капа на вишото. Коцевски пак тврди дека надзорот е дел од редовната процедура.

 

Анита Димитријевска – Велковска