Македонија

Земјотрес на границата со Косово, почувствуван во Скопје

04.11.2024 21:41

Земјотрес вечерва во 20:35 часот е почувствуван во Македонија, а информацијата е објавена на официјалната страна на ЕМСЦ...

Во 20:35 часот е регистриран земјотрес на македонско-косовската граница, а информацијата е објавена на официјалната страница на Европскиот сеизмолошки центар, ЕМСЦ. Земјотресот беше почувствуван во Скопје.

Според првичните информации на веб страницата ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е во близина на границата со Косово. Засега нема детали за овој потрес.