Скопје

Без струја дел од корисниците во општините Карпош, Сопиште, Кисела Вода и Ѓорче Петров

05.11.2024 08:11

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Козле од бр. 130 до бр. 170 во општина Карпош, како и дел од корисниците од ул. 24 во населба Сопиште во општина Сопиште.

– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците Петар Дељан и Ѓорѓи Сугаре, како и дел од корисниците лоцирани на булеварот Борис Трајковски во општина Кисела Вода.

– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улицата Франце Прешерн во општина Ѓорче Петров.