Србија

Српскиот претседател Вучиќ побара референдум за негово разрешување

05.11.2024 08:19

Вучиќ ѝ предложи на опозицијата, доколку сака, во српското Собрание да побара референдум за негово разрешување откако оцени дека на протестите по железничката несреќа во Нови Сад всушност се бара неговата глава...

Српскиот претседател Вучиќ ѝ предложи на опозицијата, доколку сака, во српското Собрание да побара референдум за негово разрешување откако оцени дека на протестите по железничката несреќа во Нови Сад всушност се бара неговата глава. Во истовреме, министерот за градежништво Весиќ најави оставка иако не прифаќа вина.

Вели дека досега не се огласил поради почит кон жртвите и нивните семејства, а дека оставка поднел уште истиот ден кога се случила несреќата во која загинаа 14 лица, а тројца и натаму се критични.

„Откако Собранието ќе ја констатира мојата оставка, јас повеќе нема да ја извршувам оваа должност. Не можам да прифатам вина за смртта на 14 луѓе бидејќи ниту јас ниту луѓето кои работат со мене, не сносиме ни трошка одговорност за трагедијата што се случи. Сигурен сум дека истрагата ќе го покаже тоа“, изјави Горан Весиќ -министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија.