МВР
Млад човек пронајден мртов во штипско, на телото имал прострелна рана
05.11.2024 08:26
Во атарот на штипското село Пиперево вчера попладнето е пронајдено тело на млад маж...

Во атарот на штипското село Пиперево вчера попладнето е пронајдено тело на млад маж. Според првичните информации, на телото има прострелна рана. Полицијата истражува што се случило и дали се работи за убиство.
Од СВР Штип потврдуваат дека пронајденото тело е пријавено вчера попладне околу 16 часот, а повеќе детали се очекуваат денеска.
Телото на починатиот е предадено на обдукција.
