Шпанија

Властите во Шпанија издадоа предупредувања од поплави и повикаа на претпазливост

05.11.2024 08:26

Властите издадоа предупредувања од поплави и повикаа на претпазливост. Во Каталонија црвениот аларм и натаму во сила, откако аеродромот Ел Парт во Барселона остана под вода и привремено беа откажани десетици летови....

Шпанската југоисточна провинција Аликанте зафатена од обилни дождови. Властите издадоа предупредувања од поплави и повикаа на претпазливост. Во Каталонија црвениот аларм и натаму во сила, откако аеродромот Ел Парт во Барселона остана под вода и привремено беа откажани десетици летови.

Црвено предупредување останува и за покраината Валенсија по најавите за нови дождови додека потрагата по исчезнати продолжува. Жителите гневни за задоцнетите реакции, властите велат – сите капацитети се ставени на располагање.

„Немаше тревога, моите родители немаше да излезат. Многу сме лути на опуштеноста на шпанските власти“, изјави Рене Тарнер - ќерка на починати родители.

„Од првиот момент, сите ресурси не само на единицата за итни случаи, туку и остатокот од вооружените сили, како и Кралската гарда, ги ставија своите способности во служба на заедницата на Валенсија“, изјави Хавиер Маркос – шеф на шпанската воена единица за итни случаи.