НБА
Грег Попович се повлекува од клупата на Сан Антонио поради здравствени проблеми
05.11.2024 08:33
На негово место на неодредено време, на клупата на НБА тимот ќе седи помошникот Мич Џонсон.

Легендата на светската кошарка и НБА, Грег Попович, поради здравствени проблеми се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио, а познато е и кој ќе го замени.
На негово место на неодредено време, на клупата на НБА тимот ќе седи помошникот Мич Џонсон.
Лошата вест дојде пред натпреварот помеѓу Сан Антонио и Лос Анџелес Клиперс.
Сѐ уште не се знае каков точно е здравствениот проблем на Попович, човекот кој освои пет титули во НБА.
