Украина

Зеленски: Во Курскиот регион распоредени 11.000 севернокорејски трупи

05.11.2024 08:44

Добивме извештај од Одбранбеното разузнавање на Украина за севернокорејските трупи на територијата на Русија, веќе има 11.000 од нив во областа. Гледаме нивно зголемување но, за жал, не и зголемување на реакцијата на нашите партнери, изјави Володимир Зеленски ...

Русија изврши еден од најжестоките напади врз Украина, додека копнените трупи ја продолжуваат борбата за Покровск. Зазедоа уште едно село во Доњецката област. Притисокот врз Киев расте. Путин најави дека неговите сили ќе го исчистат рускиот пограничен регион Курск од непријателот.

Бројот на севернокорејски војници во областа се зголемува-тврди Зеленски и бара сериозен одговор од ЕУ. Од ОН со став дека соработката меѓу Москва и Пјонгјанг води кон опасна ескалација. Русија мора да ја брани својата независност и нема време да чека Западот да ја разбуди својата совест-возвратија од Москва.

„Од суштинско значење е да се препознае важноста на операцијата Курск. Таа многу помогна да се ослободи нашиот народ од руско заробеништво. Добивме извештај од Одбранбеното разузнавање на Украина за севернокорејските трупи на територијата на Русија, веќе има 11.000 од нив во областа. Гледаме нивно зголемување но, за жал, не и зголемување на реакцијата на нашите партнери“, изјави Володимир Зеленски - претседател на Украина.