Блиски Исток

Конфликтите на Блискиот Исток не престануваат

05.11.2024 08:47

Соборени дронови лансирани од Ирак и Либан кон Израел. Бејрут објави дека бројот на загинати во Либан надмина 3.000 од октомври минатата година...

Конфликтите на Блискиот Исток не престануваат. Израелските воздухопловни сили известија за напад во близина на Дамаск, на мета-разузнавачките служби на Хезболах.

Соборени дронови лансирани од Ирак и Либан кон Израел. Бејрут објави дека бројот на загинати во Либан надмина 3.000 од октомври минатата година.

Во истовреме, Хамас го отфрли предлогот на Египет за краткорочен прекин на огнот и ослободување на заложниците-соопшти Стејт департментот. Побараа од Тел Авив да ја олеснат испораката на хуманитарната помош за Газа.