Фудбал

Гоце Седлоски е нов тренер на Вардар

05.11.2024 09:27

За Седлоски ова е враќање на клупата на Вардар после седум години, со оглед на тоа дека со голем успех беше предводник на клубот во периодот од 2015-тата до 2017-тата година, а потоа ги тренираше и Рига, Широки брег, втората екипа на Динамо Загреб, Шкупи, Влазнија и Работнички...

Гоце Седлоски и официјално е нов тренер на Вардар, откако раководството на „црвено-црните“ одлучија токму поранешниот капитен на репрезентацијата на Македонија да биде новиот, четврти предводник од клупата за клубот оваа сезона. Вардар претходно го водеа и Гораз Михаилов, Горан Петревски и Срѓан Захариевски, но клубот е на последното место во Првата лига, иако финансиски е консолидиран.

За Седлоски ова е враќање на клупата на Вардар после седум години, со оглед на тоа дека со голем успех беше предводник на клубот во периодот од 2015-тата до 2017-тата година, а потоа ги тренираше и Рига, Широки брег, втората екипа на Динамо Загреб, Шкупи, Влазнија и Работнички.

Старо-новиот тренер на Вардар доаѓа во време кога тимот се наоѓа на последното место на табелата во Првата македонска фудбалска лига со освоени осум бода по 13 кола.