АМСМ

Се пренасочува сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце

05.11.2024 10:51

Сообраќајот на магистрален пат Скопје – Граничен премин Блаце се пренасочува, соопшти утрово АМСМ...

Сообраќајот на магистрален пат Скопје – Граничен премин Блаце се пренасочува, соопшти утрово АМСМ. Полициски службеници на терен ги пренасочуваат возилата на потегот кон бензинската пумпа Дизел 

Пренасочувањето е поради технички проблеми на терминалот од косовска страна.

За сега нема известување до кога би бил затворен граничниот премин и кога сообраќајот на овој правец повторно би бил нормализиран.